Велкоски со гол го одбележа враќањето во дресот на Сараево… (видео)

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски со гол го одбележа враќањето во дресот на босанскиот прволигаш Сараево, уште на првиот натпревар во шампионатот на БиХ.

Велкоски стрелаше од белата точка во 45. минута за Сараево, кој сепак на домашен терен загуби со 1-2 од Зрински.

Sarajevo – Zrinjski 1:1 (Velkoski) by goloviliga

Македонскиот напаѓач израмни на 1-1, но гостите стигнаа до триумфот со голот на Филиповиќ во 57. минута од средбата.

Се вчитува...