Велкоски стрелец за Сараево, втор гол сезонава во шампионатот на БиХ

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски го запиша својот втор гол сезонава во дресот на Сараево.

Во 13. коло од Суперлигата на БиХ, Сараево на полувремето има убедлива предност од 3-0 против Младост Добој Какањ. Велкоски го постигна првиот гол за својот тим, стрелајќи во 23. минута од натпреварот. Стрелец на останатите два погодоци за домашните беше Ханџиќ.

Сараево е на врвот од табелата во елитниот шампионат на БиХ, пред освојување на нови три бода.

Се вчитува...