ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските репрезентативци заедно со стручниот штаб во изминатите два дена го анализираа противникот со кој денеска ќе излезат на мегдан, селекцијата на Австрија.
Десниот бек Мартин Велковски смета дека клучно ќе биде како ние ќе изреагираме во одбраната на нивниот напад „седум на шест“, нешто на што селекторот Пајович многу често инсистира во играта на Австрија.
„После тешките мечеви од групната фаза се пласиравме во главната рунда каде не чекаат мечеви против Австрија, Катар и Франција. Првите средби се клучни за нас, играме против квалитетни репрезентации кои долго време се на светската ракометна сцена. Можеме да се надигруваме и со двете репрезентации бидејќи и ние имаме наши квалитети. За овој шампионат се подготвувавме максимално, одиме на победа. Можеме да одговориме на игратата на Австрија. Знаеме дека се доста квалитетни, имаат искусни играчи и преферираат игра „седум на шест“. Но и тие имаат слабости, краткото време го искористивме за подготовка, ги анализиравме. Останува да играме исто како и на претходните мечеви, борбено од првата до последната минута“, изјави Мартин Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА