Велковски: Двесте работи ми се вртеа во глава по грешката…, што ако јас „заебам“..!?

Стрелецот на победничкиот гол за Македонија, Дарко Велковски нескриено искрено по крајот на натпреварот против Косово целосно отворајќи го срцето.

„Може само да кажам дека двесте работи ми се вртеа во глава по таа грешка со Столе Димитриевски кога дозволивме противникот да израмни. Размислував што ако јас ја ‘заебам’ работата на патот кон Европско првенство. Но, за среќа, брзо дојде и тој погодок со глава и тогаш, не знам, ми падна камен од срце. Потоа до крајот издржавме машки, во одбраната останавме смирени, а во нападот можевме да постигнеме уште еден гол. Сега мора да останеме фокусирани за Грузија и да го обезбедиме тоа толку посакувано Европско првенство“ – истакна Велковски по натпреварот.

Се вчитува...