Велковски го доби „македонското“ дерби против Трајковски во С. Арабија (ВИДЕО)

Дарко Велковски и неговиот Ал-Етифак славеа со 0-3 на гостувањето кај Александар Трајковски и Ал-Феиха во натпревар од 7. коло во новата сезона во Премиер-лигата на Саудиска Арабија.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Витињо во 26. минута, а до крајот на првото полувреме веќе беше и 0-2 со погодокот на Слити во 30. минута. Конечните 0-3 ги постави Ал Салем во 82. минута.

И двајцата Македонци репрезентативци стартуваа од првата минута за своите клубови. Дарко Велковски го одигра цел меч, додека Александар Трајковски беше заменет во 67. минута.

 

 

Се вчитува...