Велковски и Ријека против Атанасов и Хајдук во финалето на хрватскиот куп (ВИДЕО)

Дарко Велковски со Ријека е втор финалист во националниот куп на Хрватска. Тие во денешното полуфинале во трилер натпревар по продолженија славеа против Осијек со 3-2. Антон Крешиќ уште во 20. минута донесе водство за домаќинот од 1-0.

До крајот на првото полувреме гостите израмнија преку Чакшта во 42. минута. Ново водство за Ријека донесе Дрмиќ во 76. минута, а во финишот Манце во 91. минута израмни на 2-2 и го однесе мечот во продолженија. Таму во 118. минута Меркулов донесе финале за Ријека. Велковски стартуваше на овој натпревар и ги одигра сите 120 минути.

Во финалето Ријека ќе игра против Хајдук на нашиот Јани Атанасов кој минатата недела во првото полуфинале славеше над Горица со 2-1.

 

 

Се вчитува...