Велковски: Ќе биде интересно до крајот на квалификациите

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Дефанзивецот Дарко Велковски искажа задоволство од победата против Летонија во Рига, нагласувајќи дека сега треба поголема концентрација и сериозност до крајот на квалификациите како би останале конкурентни за водечките две позиции.

„Задоволни сме од триумфот против Летонија. Освоивме четири бода на две гостувања и сега сме конкурентни во групата до самиот крај. Игравме поофанзивно, можеби и презедовме поголем ризик во вториот дел, но добро е што не примивме гол. Во секој случај, ќе биде интересно до крајот на квалификациите“ – истакна Велковски.

Се вчитува...