Велковски, конечно, по три месеци заигра за Ријека

Соочувајќи се со повреди изминатиот период македонскиот репрезентативен стопер Дарко Велковски конечно повторно се најде на теренот во хрватскиот шампионат во дресот на Ријека.

Велковски, денеска во 18. коло од Првата лига на Хрватска, влезе во игра во 66. минута од средбата против Истра која Ријека ја доби со 2-0. Ова е прв меч за Велковски за Ријека по цели три месеци. Последниот негов натпревар беше против Хајдук на 15. септември кога принудно беше заменет во 18. минута поради повреда.

За Риека ова беше 17-ти натпревар сезонава, во очекување и на заостанатиот дерби дуел со Динамо Загреб, по кој со 31 бод е на третата позиција на табелата зад Динамо Загреб и Хајдук.

Се вчитува...