Велковски: Мечот против Татран Прешов е клучен за Пелистер во групната фаза во СЕХА

Битолски Пелистер во сабота на домашен терен ќе го пречека словачкиот Татран Прешов во натпревар од регионалната СЕХА лига. Бекот на „зелено-белите“, Мартин Велковски, вели дека по повредата полека, но сигурно се враќа во форма и е максимално подготвен за овој меч.

„Очекував порано да се вратам од повредата. Сè уште заздравувам и влегувам во ритам и се надевам дека ќе бидам максимално спремен против Татран Прешов и дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата. Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло, бидејќи натпреварот е многу важен за нас, за да го осигураме второто место во групата во СЕХА лигата“, изјави Велковски. 

Натпреварот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за во сабота во 17:45 часот.

Се вчитува...