Велковски: Наша шанса е мечот со Чиле

Македонија претрпе катастрофален пораз од Египет 38-19 во натпревар од второто коло на Светското првенство во Египет. Репрезентативниот бек, Мартин Велковски вели дека Египет е одлична репрезентација која може да оди до самиот крај, а наша шанса е мечот со Чиле.

„Египет одигра одлично. Тие се одличен тим и очекувам да отидат доста далеку на шампионатов. Лош меч за нас, лошо чувство што на ваков начин ја претставуваме Македонија. Имаме уште една шанса за пласман понатаму против Чиле. Мора да бидеме по храбри и да играме по тимски и подобро како би можеле да се пласираме во следната фаза“, вели Велковски. 

Одлучувачкиот меч од првата фаза против Чиле ракометарите ќе го играат во понеделник со почеток во 15:30 часот.

Се вчитува...