Македонскиот ракометар Мартин Велковски по пауза од една година се враќа на терените и ќе биде дел од екипата на Еурофарм Работник која утре и гостува на шпанската Бидасоа Ирун во третото коло од Лигата на шампионите.
Велковски кој беше капитен на Металург минатата година во септември ја скина ахиловата тетива на дуелот од Лигата на шампионите против Бешикташ, поради која мораше да замине на операција. Тој беше надвор од терените цела година, а ќе биде дел од тимот кој ќе патува во Шпанија, откако тренерот на „фармацевтите“, Стевчо Алушовски поради повреда на дланката во Битола мораше да го остави пикерот Никола Маркоски.
Работник досега во групната фаза од Лигата на шампионите забележа два минимални порази, од Спортинг Лисабон дома и од Савехоф нагости, а во Шпанија ќе атакува на првите историски бодови во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА