Велковски по сензацијата со Ријека: Лигата на Европа сега е голем предизвик за нас

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски со хрватската Ријека го приредија најголемото изненадување во плеј-оф рундата за место во групната фаза од Лигата на Европа, елиминирајќи го на гостински терен дански Копенхаген.

Ријечани славеа со 0-1 против тимот кој само пред два месеци играше во четвртфиналето од Лигата на Европа за сезоната 2019/2020. Сето тоа само дополнително го зголемува успехот на тимот на Велковски.

„Не можеме да ја сокриеме среќата по пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Јасно е дека бевме аутсајдери на мечот но одигравме максимално борбено за заслужена победа. Лига Европа сега е огромен предизвик за сите нас“ – вели Велковски пред доаѓањето во Скопје на новиот репрезентативен собир пред полуфиналниот бараж дуел на Македонија со Косово за пласман на Европското првенство.

Се вчитува...