Велковски: Сите мечеви беа израмнети, не знам дали одлучи неискуството

Мартин Велковски е играчот што ја доби улогата на замена за повредениот Кире Лазаров, голем товар на грбот на ракометарот на Еурофарм Пелистер.

Слично како и останатите репрезентативци, и Велковски имаше осцилации во играта, од блескави моменти до почетнички грешки, а по дуелот со Данска тој не го криеше разочарувањето што шампионатот е завршен со три порази.

„Жал ми е бидејќи и на претходните мечеви покажавме дека можеме да играме со ривалите. Тие средби беа израмнети, но на крајот претрпевме порази. Не знам сега да кажам дали пресудно беше неикуството, но дефинитивно пропуштивме шанса за пласман во вториот круг“, изјави Велковски.

Тој се осврна и на последниот дуел со Данска, како клучен момент потенцирајќи ја повредата на Филип Кузмановски.

„Бевме добро подготвени за овој дуел и тоа придонесе добро да отвориме, да поведеме со 4-0. Се држевме добро до моментот на повредата на Филип Кузмановски, после тоа се наруши ротацијата, немавме ритам во играта. Данска не застанува, имаше поодморени играчи кои сакаа да се докажат пред селекторот. Искрено жалам што загубивме со десет гола разлика“, истакна Мартин Велковски.

Се вчитува...