Велковски со нова повреда, во 20. минута го заврши дербито со Хајдук… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не може никако да стави точка на повредите кои го пратат по пристигнувањето во дресот на хрватска Ријека.

Велковски предвреме мораше да го заврши и дерби натпреварот на неговата Ријека против сплитски Хајдук во хрватскиот шампионат откако во 17. минута заработи нова повреда на бутниот мускул.

Од Ријека информираа дека македонскиот фудбалер никако не можел да го продолжи дуелот, поради што во 20. минута беше принудно заменет. Се очекуваат детални лекарски прегледи по што ќе биде познато околу тежината на повредата и временскиот период на отсуство од фудбалските терени.

Се вчитува...