Велосипедистка од Нов Зеланд ненадејно почина на 25-годишна возраст

Велосипедистката Оливија Подмор, која го претставуваше Нов Зеланд на Олимписките игри во Рио 2016, почина во денес на 25-годишна возраст.

Веста за нејзината ненадејна смрт е потврдена преку социјалните мрежи на нејзиното семејство. Велосипедската федерација на Нов Зеланд, исто така, објави соопштение, жалејќи за прераната загуба на спортистката.

„Оливија е човек што сите го сакавме и го почитувавме. Во ова тешко време, сакаме да им понудиме помош и поддршка на сите наши членови, особено на оние што беа блиски до Оливија. Семејството на Оливија е во нашите мисли и ги молиме медиумите да ја почитуваат нивната приватност“, велат тие.

Се вчитува...