Велосипедистот Јовановски 53. на ЕП

Македонскиот претставник на актуелното европско првенство во велосипедизам, Димитар Јованоски се пласира на 53-та позиција на првиот настап на овој континентален собир, во најпрестижната дисциплина XCO (Cross Country Olympic) од трката во планински велосипедизам.

Јованоски по трката изјави дека патеката била многу тешка, но дека е задоволен од својот настап.

„Патеката беше многу тешка со исклучително голем број технички елементи. Имаше голема и силна конкуренција, од натпреварувачи кои учествуваат на светски купови. Во добра форма сум и мислам дека вистинскиот резултат ќе го постигнам на Балканскиот шампионат кој ќе се одржи во Грција, на 31-ви јули, каде очекувам и медал за Македонија“, изјави Јованоски.

Следен настап на нашите репрезентативци во Анадиа, е јуниорската хронометар трка на 7-ми јули од 11:00 часот, односно U-23 хронометарот од 16:00 часот. На ЕП во Португалија, Македонија има 4-ца претставници.

Се вчитува...