Велосипедистот Томас ги победи Хамилтон и Кејн за наградата „Спортска личност на годината“ во Британија

Победникот на годинашното издание на Тур Д’ Франс, Герајнт Томас, е прогласен за спортска личност на годината во Британија во изборот што го организира Би-Би-Си. Признанието е најзначајната награда за спортски постигнувања во годината.

Изненадувачки, Томас ги победи актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон и најдобриот стрелец на Светското фудбалско првенство во Русија, Хари Кејн.

Наградата за најдобар тренер очекувано му припадна на селекторот на националниот фудбалски тим, Герет Саутгејт, најдобар тим во Британија за 2018 е женската нетбол репрезентација.

Признанието за животно дело и припадна на поранешната најдобра тенисерка во светот, Били Џин Кинг.

Се вчитува...