Фудбалерите на Велс иако беа големи фаворити на гостувањето кај Лихтенштај во меч од 7. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада, на крајот успеаја да слават со минимални 0-1 што е одлична вест за Македонија.
Велшаните до победата од 0-1 стигнаа со голот на Џордан Џејмс во 62. минута. Тоа значи дека Македонија има пет гола подобра гол-разлика од Велс во моментов, а двете репрезентации имаат ист број бодов. Тоа значи дека со реми во Кардиф ние сигурно сме втори и би требало да имаме за нијанса полесен пат во баражот.
Од друга страна со победа се уште имаме минимални шанси и за првата позиција откако Белгија ремизираше на гостувањето кај Казахстан, но ако сме искрени пред себе тешко дека би можело Белгијците на домашен терен да не победат против Лихтенштајн, или тие да ремизираат, а ние да го победиме Велс со шест голови разлика.
Liechtenstein 0 – [1] Wales – Jordan James 62'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

