Сан Антонио ја победија Оклахома со 111-103 и на тој начин, и покрај тоа што играа улога на аутсајдер, славеа во седмиот натпревар од финалето на Западната конференција на гостински терен за место во големото НБА финале.
Виктор Вембањама постигна 22 поени (7/15 од поле) со седум скока, Џулијан Шампањ постигна 18 од своите 20 поени со тројки и имаше шест украдени топки.
„Не можам да го опишам ова чувство. Толку е силно“, рече Вембањама по крајот на мечот.
Стефон Касл постигна 16 поени со по шест скока, асистенции и изгубени топки, додека Дирон Фокс додаде 15 со пет асистенции.
Дилан Харпер го заврши натпреварот со 12 поени и седум скока, а Келдон Џонсон и Девин Васел имаа по 11 за Спарс, кои се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 2014 година.
Во првиот натпревар од финалната серија, кој е закажан за среда навечер, тие ќе бидат домаќини на Њујорк Никс, а Спарс сега се фаворити според обложувалниците.
„Уште во октомври знаевме дека имаме шанса да дојдеме до крајот“, рече тренерот на Спарс, Мич Џонсон.
Сан Антонио победи во осум од 12 меѓусебни натпревари со Оклахома оваа сезона – вклучувајќи го и најважниот.
„Сакаме уште четири победи. Сè уште не сме ја завршиле работата“ – истакна Вембањама по добивањето на трофејот на Западната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
