Виктор Вембењама продолжув да испишува историја во НБА лигата откако Французинот ја доби наградата за најдобар дефанзивец во најсилната лига во светот.
Признанието е апсолутно заслужено ако се земе во предвид доминацијата на центарот на Сан Антонио, кој има најмногу блокади и украедени топки во лигата.
Она што е најимпресивно, Вемби беше избран со 100 први места од вкупно 100 гласачи, нешто што првпат се случува во историјата на овој избор. Оваа награда се доделува од сезоната 1982/83 и никогаш досега не била донесена едногласно, но Вембењама веќе почна да поставува нови стандарди во НБА-лигата.
Французинот воедно е во игра и за главната награда – МВП на лигата, со што би бил рамо до рамо со Мајкл Џордан, Јанис Адетокумбо и Хаким Олајџувон како играчи што во иста сезона биле избрани и за МВП и за најдобри дефанзивци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
