Венеција, полуфинална пречка за Несторовски и Трајковски – за враќање во Серија А

Италијанскиот второлигаш Палермо преку плејофот ќе се обиде да се врати во Серија А и како полуфинална пречка на патот му стои тимот на Венеција, кој од клупата го предводи Филипо Инзаги. Првиот дуел ќе се одигра в среда, на 6 јуни, во Венеција, додека реваншот ќе биде четири дена подоцна во Палермо.

Венеција стигна во полуфиналето на плејофот со триумф од 3-0 против Перуџа. Во второто полуфинале ќе се сретнат Читадела и Фросиноне.

Двајцата македонски репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски се меѓу најголемите адути на Палермо за враќање во елитата на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...