Венецијански „шок“ за Мурињо и Рома (ВИДЕО)

Екипата на Рома е поразена на гостувањето во Венеција со 3:2. Овој пораз е шокантен за римјаните и за Мурињо, особено ако се има во предвид фактот дека „вочицата“ водеше со 1:2 на полувремето, и имаше многу шанси да го реши прашањето на победникот, а на крајот Венеција со храбар пресврт славеше голем триумф.

Венеција поведе преку Калдара во 3. минута, но во финишот на првиот дел Шомуродов и Абрахам донесоа пресврт. Имаше уште многу шанси Рома да дојде до 1:3, но откако не успеа, следуваа два гола на Венеција. Араму од пенал во 65. минута, а девет минути подоцна и Окереке ја затресе мрежата на Патрисио за комплетирање на пресвртот на домашниот тим.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...