Венгер: Донесовме одлука, не го продаваме Алексис Санчез

[two_third last=”no”]…[/two_third]

Арсен Венгер ги израдува фановите на Арсенал обелоденувајќи дека нема намера да го продаде Алексис Санчез, и покрај фактот дека Чилеанецот веќе разгледува неколку сериозни понуди за заминување од Лондон. Санчез вчера истакна дека сака да игра во ЛШ следната сезона, додека „топчиите“ ќе се натпреваруваат само во Лигата на Европа, но Венгер е дециден на ставот дека планира токму со Алексис со тимот да ја напаѓа титулата во Премиер-лигата.

Кога станува збор за Алексис Санчез, одлуката е донесена. Таа одлука е да не го продаваме нашиот најдобар фудбалер. Очекувам со ова да запрат и шпекулациите околу неговите наводни трансфери“ – истакна денеска Арсен Венгер.

Ова е крајно ризичен став на „топчиите“, со оглед на фактот дека договорот на Санчез истекува на крајот од новата сезона, па доколку не го продадат летово, а тој не потпише нов договор во меѓувреме, Чилеанецот следното лето ќе си замине без никаква отштета. Арсенал во тој случај би останал посиромашен за околу 50 милиони фунти, сума што Манчестер сити и ПСЖ се подготвени да ја платат за да го доведат извонредниот чилеански офанзивец во своите редови.

Се вчитува...