Венгер е убеден: Санчез ќе потпише нов договор со Арсенал?!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, е убеден дека чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез ќе се согласи да го продолжи својот престој на „Емирати“ на подолг период, иако влегува во последната година од својот актуелен договор. Тој беше во преговори со Манчестер сити, но Арсенал не сака да го продаде на ривал од Премиер – лигата. Венгер вели дека со конкретни преговори, и со добра сезона, Чилеанецот би можел да остане уште долго во редовите на „топчиите“.

„Секогаш е можно фудбалерот кој има уште една година од договорот со клубот, да потпише нов. Тоа ништо не е чудно. Мислам дека не очекува успешна сезона, а тоа ќе биде многу важно за сите, па и за одлуката на Санчез“, изјави Венгер.

Алексис Санчез поради повреда на стомачните мускули нема да биде подготвен за настап на утрешниот прв натпревар од новата сезона, кога Арсенал на домашен терен ќе го пречека Лестер.

Се вчитува...