Венгер го предложил својот наследник за клупата на Арсенал

Францускиот стратег Арсен Венгер по цели 22 години ќе го напушти кормилото на Арсенал по завршувањето на оваа сезона. Можеби и немаше друг избор, со оглед на слабите резултати на „топчиите“ оваа сезона во Премиер – лигата, а фудбалерите му ветиле дека ќе се потрудат да го освојат трофејот во Лигата на Европа на разделбата со својот менаџер. А Французинот веќе препорачал и свој наследник за клупата на Арсенал. Тоа е Патрик Виеира, поранешен истакнат фудбалер на овој клуб, кој во моментот е тренер на Њујорк сити, филијалата на Манчестер сити во МЛС – лигата на САД.

„Тој секако е личност кој може еден ден да ја преземе екипата. Ги следев неговите чекори во тренерската кариера и мислам дека врши одлична работа. Но, кога ќе погледнете убаво, оваа Премиер – лигата е посебна, морате да дојдете, да дадете се од себе и да се докажете. Има многу поранешни фудбалери кои имаат капацитет да го водат Арсенал“, изјави Арсен Венгер.

Се вчитува...