Венгер и Зидан – „ѕвезди на вечерта“ на хуманитарниот натпревар во Франција

Фудбалски хуманитарен натпревар се одигра синоќа во Франција на кој учествуваа бројни легенди на францускиот фудбал предводени од поранешниот стратег на Арсенал, Арсен Венгер и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Зидан, заедно со уште неколку фудбалери кои го освоија Светското првенство 1998 како Жан-Пјер Папен, Дидие Дешамп и Марк Ливремонт во Бордо ги одмери силите со францускиот рагби тим од 1999 година.

Сепак, „ѕвезда на вечерта“ беше Арсен Венгер кој изненади со своите фудбалски „мајстории“… Со своите 69 години покажа дека фудбалот е магија која не познава возраст и граници…

Се вчитува...