Венгер ќе биде нов тренер на Елиф Елмас?

Прославениот француски стратег Арсен Венгер е најсериозен кандидат за нов тренер на турскиот гигант Фенербахче кој оваа сезона игра во очајна форма и се наоѓа во зоната за испаѓање. Поранешниот менаџер на Арсенал најави дека ќе се врати на клупата по заминувањето од „Емирати“, а според турските медиуми, се ноѓа во завршни преговори за да го преземе тимот за кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

По заминувањето на Филип Коку, составот на Фенербахче го предводи неговиот асистент Ервин Куман, но и тој не успева да го извлече од големата резултатска криза. Најавите од Турција велат дека Куман речиси сигурно ќе мора да замине, а Венгер е првиот „пик“ на раководството. Во опција е и Славиша Јокановиќ, кој неодамна доби отказ од англискиот премиерлигаш Фулам, како и неколку турски стратези.

Се вчитува...