Венгер ќе донесе напаѓач од Бока јуниорс на местото на Санчез

Арсенал речиси сигурно ќе остане без Алексис Санчез до крајот на зимскиот преоден рок, но очигледно дека раководството на клубот и менаџерот Арсен Венгер подготвуваат негов наследник. Потрагата по нов напаѓач ги одведе во Аргентина, а во редовите на Бока јуниорс го пронајдоа младиот 21-годишен Кристијан Павон. Тој игра одлично во дресот на славниот аргентински клуб, а пред една сезона пристигна за скромна сума од 1.300.000 евра.

Арсенал е подготвен да плати околу 30 милиони евра за да го доведе на „Емирати“, но засега сепак нема испратено официјална понуда до Бока јуниорс.

„Добив пред два дена повик од агент кој ме праша дали фудбалерот е заинтересиран за преселба во Арсенал. Но, засега немало официјални преговори. Ако е Арсенал навистина сериозно заинтересиран за Павон, треба да оствари контакт со Бока јуниорс“, изјави агентот на Кристијан Павон за арентинските медиуми.

Се вчитува...