Венгер: Направив само една голема грешка во кариерата

Арсен Венгер остави огромен траг во клупската историја на Арсенал, но и целокупно врз Премиер-лигата. По долги години тој реши да си замине од клупата на „топчиите“, а кога ќе погледне наназад на изминатиот период во Лондон, Венгер смета дека направил само една голема грешка – што не го напушти Арсенал порано.

„Мојата најголема грешка во кариерата е што не си заминав порано, останувајќи 22 години на чело на Арсенал. Јас сум човек што сака предизвици, сака да се шета низ светот, сега се чувствувам како да сум затвореник на некој свој луд предизвик што сум си го поставил пред многу време. Сепак, верувам дека со Арсенал го достигнав максимумот, нешто што никој не го очекуваше, горд сум на тоа“ – истакна Венгер.

Низ тренерската кариера францускиот стратег им даде шанса на бројни млади фудбалери, а од бројните засилувања што ги донесе на Арсенал, Венгер е исклучително горд на едно.

Имаше играчи кои беа врвни и кога дојдоа, имаше и такви кои станаа ѕвезди во Арсенал. Сепак, за мене откривањето на Тиери Анри беше најдобро нешто што го направив во клубот. Тој е најдобриот фудбалер што го тренирав во кариерата, имаше и други како Анелка, Туре, Виеира… но Анри е на самиот врв. За најслабите трансфери нема да зборувам, имаше многу, но нема да откривам имиња“ – се наврати на минатото Арсен Венгер.

Се вчитува...