Венгер: Овој пораз тешко може да го ‘проголтам’

Арсенал загуби од Стоук со 1-0 во второто коло од Премиер лигата, и покрај доминацијата во текот на целиот натпревар.

Па, менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер не го крие разочарувањето од поразот. Арсенал имаше 18 шута кон голот на домашните а не успеа да постигне ниту еден погодок.

„Овој пораз тешко можам да го проголтам. Според играта требаше да победиме. Немавме среќа“ – вели Венгер и дополнува:

„Како и да е, немам оправдување за поразот. Примивме евтин гол, а не успеавме и ние да постигнеме. Ова беше натпревар кој едноставно мора да го добиете. Не смееме на овој начин да губиме бодови“.

Интересно е дека Стоук во последните осум дуели на домашен терен против Арсенал има само еден пораз.

Се вчитува...