Венгер со последен обид да го купи Ван Дајк

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, би сакал да ја засили одбраната на својот тим во последните неколку дена од летниот преоден рок. Негова цел е дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дајк, кој се најавуваше и како засилување за Ливерпул и за Челси. Сепак, засега е се уште член на Саутемптон.

Венгер го доведе Колашинац ова лето, се ослободи од Габриел, а најверојатно и Мустафи ќе си замине од клубот. Но, Венгер смета дека неговата одбрана би била многу поцврста со Ван Дајк. Подготвен е да плати 45 милиони фунти за овој одличен одбранбен фудбалер.

Во последните денови од летниот преоден рок и Арда Туран, турскиот интернационалец од Барселона, би можел да пристигне во Арсенал и тогаш Венгер би имал навистина ростер за респект за претстојната сезона.

Се вчитува...