Венгер за Баерн Минхен: Да, течно зборувам германски…

Арсен Венгер потврдува дека е заинтересиран да ја преземе клупата на Баерн Минхен, по отказот кој Баварците му го врачија на Нико Ковач.

Венгер го посакуваат и навивачите на Баерн, како и целокупната германската јавност. А, ниту тој самиот не би имал ништо против да се врати на тренерската работа, и да биде дел од Бундес-лигата.

„Никогаш не би одбил разговор со Баерн, затоа што добро ги познавам луѓето кои го водат клубот во последните 30 години. Еднаш одамна бев и многу блиску да го преземам клубот“ – вели Венгер истакнувајќи дека лесно би се вклопил во новата средина.

„Да, точно е дека течно зборувам германски“ – вели Венгер кој е без ангажман од минатото лето, кога се раздели со Арсенал.

„Се уште не сум одлучил, но вистина е дека тренингот ми недостасува. Враќањето во фудбалот секако е за мене предизвик“ – истакнува францускиот стратег.

Се вчитува...