Венус ја загуби битката на генерациите, елиминирана од 15-годишна сензација

На денот за изненадувања на Вимблдон, најголемиот подвиг го направи младата дебитантка, 15-годишната Кори Гоф елиминирајќи ја повеќе од двојно повозрасната, петкратната титуларка од овој грен-слем, Венус Вилијамс. Гоф победи во два сета кои ги доби со идентични 6-4.

„Сакам да ти се заблагодарам за се што направи. Без тебе ниту јас немаше да бидам овде. Секогаш сакав да ти го кажам ова“ – рече младата Американка обраќајќи и се на Венус по победата.

Гоф е дури 313. на ВТА листата. Таа мораше да ги полага испитите на училиште преку интернет додека ги играше квалификациите за Вимблдон.

Се вчитува...