Венус повторно потклекна, елиминирана и Кис, Серена сигурно продолжува

Холандската тенисерка Кики Бертенс успеа да ја елиминира Венус Вилијамс од Вимблдон, победувајќи ја во 3. коло по два часа и 41 минута игра со 6-2,6-7,8-6.

Па, така деветтата тенисерка во светот продолжува да ниже неуспеси на гренслем турнирите откако и на Австралија Опен и на Ролан Гарос натпреварувањата ги заврши во почетните рунди.

А, нејзината сестра Серена Вилијамс, пак, без проблеми продолжува понатаму откако ја совлада натурализираната Французинка Младеновиќ со 7-5,7-6.

Елиминирана од Вимблдон е и Американката Кис која загуби од Русинката Родина со 5-7,7-5,4-6.

Дона Векиќ, пак, ја победи белгијската тенисерка Викмајер во два сета, со 7-6,6-1.

Се вчитува...