Венус Вилијамс доби вајлд-карта и на 41 година ќе игра на УС опен

Одлични вести пристигнуваат од УС опен, а истите велат дека легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс, седумкратната освојувачка на гренд-слам титули доби специјална вајлд-карта за да игра на овој турнир, кој стартува на 30 август во Њујорк.

Венус е двократна шампионка на УС опен од 2000 и 2001 година, а сега на 41 година повторно ќе настапи откако ја доби вајлд-картата, зашто со пласманот на ВТА-листата не можеше да влезе по нормален пат, од причина што моментално се наоѓа на 112-та позиција.

Од 2007 година наваму, Вилијамс немаоткажано настап на УС опен, а само во 2006 го прескокна поради повреда на скочниот зглоб, па за неа ова ќе биде 23-то учество на последниот гренд-слам турнир во годината. Последен пат кога Венус дојде во самата завршница беше полуфиналето во 2017 година.

 

 

 

Се вчитува...