ПСЖ успеа да го задржи еден од клучните фудбалери уште долго на „Паркот на принцовите“ откако Марко Верати денеска потпиша нов договор со францускиот првак, со важност до 2024 година. Актуелниот договор на италијанскиот плејмејкер истекуваше во 2021 година, но „светците“ сакаа што поскоро да се осигураат дека неговата иднина ќе биде „врзана“ за овој клуб, нудејќи му услови што беа премногу добри за да се одбијат.
Имено, Верати според новиот договор ќе има неделна плата од 200.000 евра, повеќе од него ќе заработуваат само Нејмар и Мбапе, па јасно е зошто Италијанецот без многу размислување ја прифати понудата на клубот од Париз.
Марко Верати досега има одиграно 290 натпревари за ПСЖ, притоа потигнувајќи девет гола и 48 асистенции. Воедно, тој е единствениот фудбалер кој ги освои сите 22 трофеи со „светците“ по доаѓањето на катарските газди на чело на овој клуб.
За потсетување, Верати е член на ПСЖ од 2012 година, пристигнувајќи од редовите на Пескара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА