Верати го менува Гундоган во Манчестер Сити?

Манчестер Сити е во потрага по нов фудбалер за врска по најавеното заминување на Илкај Гундоган (најверојатно во Барселона), а Пеп Гвардиола сака во својот тим од наредната сезона да го види Марко Верати од ПСЖ.

Италијанскиот репрезентативец е играч со најголем стаж од сегашниот состав на „светците“, но разочаран од последните случувања во клубот тој изразил желба да си замине. Верати има договор до 2026 година, но управата е подготвена да му излезе во пресрет на 30-годишниот Италијанец и да му дозволи да ги промени клупските бои, секако за соодветна отштета. Јувентус се споменуваше како заинтересирана страна, но „старата дама“ поради намалениот профит со неиграњето во ЛШ нема да има место во буџетот за Верати.

Целата ситуација планира да ја искористи Пеп Гвардиола, кој веќе дал инструкции до раководството на Манчестер Сити да почне преговори со ПСЖ за реализација на овој трансфер. Се очекува понудата на Сити да изнесува 40 милиони евра, а не се исклучува можноста Верати да биде вклучен и во преговорите за преселба на Бернардо Силва од Манчестер Сити во ПСЖ.

Се вчитува...