Верати назад во Италија? Нема шанси…

Марко Верати и оваа сезона игра во одлична форма, па италијанскиот плејмејкер неслучајно се наоѓа на листата со желби на европските гиганти. Агентот на Верати, Донато ди Кампли, потсети дека фудбалскиот генијалец има уште неколку години од договорот со ПСЖ, па за евентуален трансфер треба да е разговара со раководството на францускиот првак. Сепак, тој е дециден околу ставот околу можниот камбек на Верати во Италија, откако Интер и Јувентус искажаа сериозен интерес за да го доведат овој фудбалер во своите редови.

Како што е ситуацијата во моментов, Марко Верати ќе остане во ПСЖ. Тој е среќен во Париз, има договор до 2021 година и не планира заминување. На крајот од сезонава ќе се сретнеме со директорите, но само за да се увериме дека клубот останува подеднакво амбициозен како и досега – со крајна цел да стигне до титулата во ЛШ. Баерн и Барса? Можно е да постојат понуди, но тие треба да се испратат до ПСЖ. Јувентус и Интер? Овие клубови не почнуваат ниту од првиот, ниту од вториот ред во оваа трка, бидејќи нема шанси Верати да се врати назад во Италија“ – порача Ди Кампли.

Се вчитува...