ЕКИПА во Палермо, Италија
Владимир Булатовиќ
Марко Верати одигра сосема солиден меч на средината од теренот, каде Италија во долги периоди ја контролираше средбата. Сепак, промашените шанси на напаѓачите и едно мало невнимание во одбраната скапо ги чинеа „аѕурите“, кои со наведнати глави го напуштија стадионот во Палермо.
„Тешко е да се разбере што се случи. Бевме супериорни, но моравме да дадеме гол што порано. Тоа е фудбал, знае да биде брутално неправеден. Ова беше кошмар за сите нас, во тимот имаме толку многу квалитетни играчи кои можат да се борат и за титулата светски првак, но не успеавме да се пласираме на СП. Сепак, тоа е фудбал, ако не постигнеш гол не си направил ништо. Точно е, немавме среќа, но среќата некогаш треба и да ја заслужиш“ – вели Верати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА