Верати: Судијата двапати ми кажа да се е..м, ова не е нормално…

Фудбалерите на ПСЖ ги загубија нервите на теренот, па исто како и на првиот меч останаа со играч помалку по црвениот картон што го заработи Ди Марија.

Марко Верати имаше неколку груби стартови во текот на целата средба, италијанскиот плејмејкер доби само жолт картон, но по мечот се пожали дека бил пцуен од сграна на главниот судија Бјорн Кујперс.

„Судијата двапати ми кажа да се е..м среде натпревар. Ова не е нормално, тие се однесуваат како да можат се да направат, се да кажат, а ако ние им вратиме ќе добиеме суспензии од по десет натпревари“, изјави Верати.

Верзијата на италијанскиот интернационалец ја потврди и неговиот соиграч Андер Ерера.

„Не знам зошто судијата користеше пцовки. Јас со свои уши го слушнав како му вели на Паредес да оди да се е.е“, истакна Ерера.

Се вчитува...