Вербална пресметка која, за среќа, не прераснала во физичка се случила денеска меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски и поранешниот македонски олимпиец и претседател на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски, веднаш по судското рочиште за корупција при користењето на спортските ваучери
Димовски преку својот профил информираше за вербалниот судир со Даниел Димевски, истакнувајќи дека добил и навреда од првиот човек на МОК.
„Мојот став за нашиот Oлимписки комитет е познат и е непроменет веќе 6-7 години. Првиот човек на олимпискиот комитет еве шеста година организира семинари и работилници и што уште не (како Oлимписки комитет да е образовна институција а не спортска), а нема подготовки за спортисти или опрема и други активности директно врзани за олимпискиот спорт. Но затоа една од првите одлуки како претседател му беше да зема плата од неколку илјади евра (до тогаш функцијата беше волонтерска) и претпоставувам тоа му беше клучната реформа за подобрување на спортските резултати на македонскиот спорт. А беше избран со силни ургенции од минатата власт, и останува на позицијата со ургенции кај новата влада (точно знам кој му ургираше и претходно и сега)“ – пишува Димовски и дополнува:
„Истиов е креатор на спортскиот ваучер кога беше советник во Владата на Заев, а спортскиот ваучер донесе проблеми и сомнежи за корупција и го донесе овој судски процес во кој денес бев сведок а дотичниот од Олимпискиот комитет во својство на обвинет. Да, тоа што го кажав не оди можеби во негов прилог, но беше вистина. По завршување на судењето надвор пред кривичен суд бев сам и обвинетиот во присуство на неговиот адвокат ми дофрли „Ти си гнида”, на што следеше мала вербална расправија која за среќа немаше никаков физички контакт. Помина така без поголеми проблеми но остана прашањето кој е ГНИДА. Не брзајте со одговорот можеби баш сега го чита статусов!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
