Вердер Бремен од 0-2 до победа против Борусија Дортмунд во судиското продолжение

Вердер Бремен приреди шок на „Сигнал Идуна Парк“ откако во 3. коло од Бундеслигата успеа да надокнади негатива од 2-0 за целосен пресврт во судиското продолжение. „Жолтите“ имаа предност oд два гола до 89. минута, но прераното опуштање го искористија гостите кои во 95. минута успеаја да направат целосен пресврт.

Борусија Дортмунд поведе преку Брант со гол во 47. минута од судиското продолжние на првото полувреме и Гереиро кој го совлада голманот во 77. минута, но не успеа да ја задржат предноста. Буканан со гол во 89. минута ја врати надежта за гостите, а Шмит во 93. минута донесе изедначување. Шок пред 81 илјади навивачи приреди Бурке кој во 95. минута ја протна топката зад грбот на Кобел за големо славје.

На победа се радуваше и Хофенхајм кој ја продолжи агонијата на Баер Леверкузен славејќи со 0-3. Баумгартнер го отвори мечот во 9. минута, а веќе во 35. минута по голот на Крамариќ резултатот гласеше 0-3. Последниот гол на мечот беше дело на Рутер кој ја искористи асистенцијата на Хрватот и ја затресе мрежата во 78. минута.

Мајнц освои три бода на гостувањето кај Аугсбург (1-2) благодание на голот на Џа-сунг во 93. минута, на победа се радуваше и Фрајбург кој славеше со 0-1 кај Штутгарт, додека Волфсбург и Шалке 04 ремизира без голови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...