Вердер го задржа статусот во Бундес-лигата

Вердер Бремен и следната сезона ќе биде член на Бундес-лигата откако успеа да биде подобар во бараж – натпреварот за пополнување на елитата од Хајденхајм. По првиот меч кој заврши без голови, Вердер одигра 2-2 на гостувањето и поради головите постигнати на гостински терен успешно го комплетираше останувањето во најквалитетното друштво.

Вердер поведе во третата минута откако домашниот фудбалер Норман Тоуеркауф постигна автогол. Тим Клајдинст израмни во 85.минута, а во судиското продолжение беа постигнати уште два гола. Вердер повторно дојде до водство со голот на Лудвиг Аугустинсон во 94.минута, а во седмата минута од продолжението беше досуден пенал за домаќинот што го реализираше Тим Клајдинст.

Се вчитува...