Вердер со Шалке во првата Бундес-лига, Хамбургер ќе игра бараж

 Со денешните натпревари од 34. коло и официјално заврши втората Бундес-лигата, во која Дарко Чурлинов со Шалке обезбеди влез во елитното друштво, додека Висар Муслиу не успеа да го спаси Инголштад од испаѓање во понизок ранг на натпреварување.

Шалке денеска славеше со 1-2 на гостувањето против Нирнберг, резултат со кој тимот на Чурлинов го освои и трофејот во Втората Лига. Покрај клубот од Гелзенкирхен, промоција во елитното друштво обезбеди и составот на Вердер, кој денеска рутински славеше со 2-0 над Регенсбург и се задржа на втората позиција.

Хамбургер со пресврт во второто полувреме ја совлада Ханза Рошток со 2-3, стигнувајќи до три бода со кои тимот од Хамбург се задржа на третото место, кое носи место во баражот. Така, Хамбургер во наредниот период го очекува двомеч со Херта, која од овие две екипи во следната сезона ќе биде дел од првата, а која од втората Бундес-лига.

Се вчитува...