ВЕРОЈАТНО КОНЕЧЕН ЖДРЕБ ЛШ: Меси се враќа на „Бернабеу“, Интер против Ливерпул, Јунајтед со Атлетико

Реал Мадрид против Пари Сен Жермен ќе биде дербито на осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, одлучи повторената ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. „Кралевите“ ќе бидат најнезадоволни од повторената ждрепка, откако воопшто не беа криви за се што се случи во првата ждрепка, бидејќи ја извлекоа Бенфика за противник, пред да настане хаосот со Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.

Овие два тима поради кои се повтори ждрепката ќе се сретнат меѓу себе, а интересен се очекува да биде и двомечто меѓу Интер и Ливерпул.

Актуелниот шампион Челси и повторената ждрепка за противник му го даде францускиот шампион Лил. Баерн Минхен ќе игра против Салцбург, Манчестер с. со Спортинг Лисабон, Бенфика против Ајакс, а Вилјареал со Јувентус.

ПАРОВИ 1/8 ФИНАЛЕ: 

Салцбург – Баерн М.

Спортинг Л. – Манчестер С.

Бенфика – Ајакс

Челси – Лил

Атлетико М. – Манчестер ј.

Вилјареал – Јувентус

Интер – Ливерпул

ПСЖ – Реал Мадрид

 

Се вчитува...