Верона остана без тренер, се раздели со Тудор

Тимот на Верона објави дека се раздели со тренерот Игор Тудор. Хрватскиот тренер седна на клупата на 14. септември, на местото на Еузебио Ди Франческо и успеа да го обезбеди опстанок во Серија „А“, што беше примарна цел. Верона на крајот заврши на високото девето место, и кога се чинеше дека Хрватот ќе продолжи да работи, патиштата им се разделија.

Тудор претходно го водеше тимот на Удинезе и успеа да го опстане, а беше дел и од стручниот штаб на Јувентус заедно со Андреа Пирло.

„Одлуката беше тешка, бидејќи во Верона имав одлична средина и група на фантастични играчи кои ми овозможија да го покажам она што го знам, и благодарение на тоа постигнавме одлични резултати. На средбата со претседателот на клубот, заедничкиот став е дека ги нема сите услови за да продолжиме понатаму, и мислам дека вистинскиот пат е да се разделиме. Се приврзав за градот каде минав одлично. Благодарност и до фановите за нивната поддршка и им посакувам светла иднина и на нив и на клубот“, рече Тудор.

Се вчитува...