Верстaпен му покажа среден прст на Хамилтон и го нарече „идиот“ (ВИДЕО)

Луис Хамилтон и Макс Верстапен водат жестока битка за титулата во Формула 1, а битката продолжува во Тексас, каде што на патеката во Остин се вози ГН на САД.

Возбудливо беше на вториот тренинг кога двајцата се бореа на патеката, а дојде и до краток дуел.

На излезот од последниот свиок болидите на Мерцедес и на Ред Бул се најдоа еден до друг, а ниту еден од возачите не сакаше да попушти.

На Верстапен не му се допадна потегот на Хамилтон, па му покажа среден прст и го нарече идиот.

Се вчитува...