Вертонген ќе паузира два месеци

Белгискиот интернационалец Јан Вертонген ќе биде надвор од фудбалските терени околу два месеци. Ова е уште полоша информација за менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, со оглед дека првата беше дека дефанзивецот ќе мора да паузира шест седмици.

Тој сериозно го повреди бутниот мускул на натпреварот против Хадерсфилд во Премиер – лигата. Лекарскиот тим се надева дека Вертонген би можел во составот на Тотенхем на мечот против Барселона во Лигата на шампионите на 11 декември.

Се вчитува...