Вертонген си оди од Тотенхем, бира меѓу Ајакс и Наполи

Белгиецот Јан Вертонген е на излезна врата од Тотенхем. Искусниот дефанзивец е од 2012 година во Тотенхем, но сега веќе е дојдено време за разделба посебно затоа што во јуни му завршува договорот, пренесуваат англиските медиуми.

Целта на раководството на Тотенхем е да го продаде Вертонген уште овој месец. Веќе се познати и два клуба, Ајакс и Наполи, кои се заинтересирани за неговите услуги.

„Во Ајакс проценуваат дека Вертонген би бил идеална замена за Блинд кој има проблеми со срцето, но силно загреан за неговите услуги е и Гатузо кој го сака во Наполи“ – пренесуваат англиските медиуми.

Ајакс е во мала предност затоа што Вертонген пред доаѓањето во Тотенхем настапуваше токму за холандскиот тим.

Се вчитува...