Веруваат во традицијата: Мајами веќе ревервира билети за Денвер

Мајами и Бостон денеска од 2 часот и 30 минути по полноќ ќе го одиграат седмиот натпревар од финалната серија во Источната конференција. Хит пропушти три меч топки за пласман во големото финалето на НБА лигата, а денеска ќе се потпре на традицијата која вели дека ниеден тим не успеал да се врати од негатива од 3-0 и да се пласира во финалето.

Селтикс за историскиот подвиг ќе ја имаат поддршката од домашната публика, но се чини дека тоа воошто не ги интересира гостите кои веќе резервирале билети за патување во Денвер.

Се вчитува...